7 C
Skopje
недела, декември 4, 2022

Wrestling Academy for Positive Values

Викендот во Пореч,Хрватска

Претседателот на БФРСМ Дејан Богданов, Техничкиот Секретар Драгана Савева и член на Управен Одбор Викторија Кукушев присуствуваа на состанок со претседателот на Хрватската Боречка Федерација Влаго Брегович и претседателот на Боречката Федерација на Србија Жељко Трајкович.
Ова беше првиот состанок и се зборуваше за новиот проект кој трите федерации ќе го спроведуваат заедно со Боречки клуб и сојуз од Загреб.
Овој проект е прв од ваков тип во БФРСМ, проектот е регионален и финансиски покриен од Европската Унија, Еразмус+ програмата за Спорт.

Проектот ќе трае 24 медеци и опфаќа млади надежни спортисти, ќе бидат опфатени и спортисти со помали финансиски можности како момчиња така и девојки.

#wrestlingacademyforpositivevalues е името на новиот проект кој што го подготвуваат трите држави заедно.

На оваа академија ќе бидат опфатени 60 млади надежни спортисти и 30 тренери од сите држави еднакво.( 20 спортисти и 10 тренери од секоја држава).
Експерти ќе ги обучуваат младите за важни теми како што се антидопинг, исхрана, заштита од повреди и fair play.
Првиот состанок се одржа во Пореч, Хрватска и продолжуваме следно во Србија во септември каде што ќе биде одржана и првата обука. Во нашата држава обуката е планирана во Фебруари 2023 и завршуваме во Мај во Хрватска 2023 година.