7 C
Skopje
четврток, февруари 2, 2023

ИЗБРАН НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА БФРСМ

На 13.08.2021 се одржа Редовно Изборно Собрание на Боречката Федерација на Република Северна Македонија, за нов претседател  на БФРСМ е назначен Дејан Богданов.

Избран е и нов Управен Одбор на Федерацијата!

НА СОБРАНИЕТО ОД 25 ДЕЛЕГАТИ ПРИСУСТВУВАЛЕ  16. ЗА ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ Е ИЗБРАН ИМЕР КАДРИОВСКИ, БИЗНИСМЕН, ВО УО  НА ФЕДЕРАЦИЈАТА Е ИЗБРАН САФЕТ АЛИ,  ПРЕТСТАВНИК НА  БАЛКАНЕЦ!

Биографија на Дејан Богданов- претседател на БФРСМ

Дејан Богданов e роден на 19.08.1986 година  во Штип и е член на  БК Балканец 2008-од Штип.

Тој е еден од најголемите македонски таленти во поново време и беше потенцијален кандидат за Олимписките игри во 2008 и во 2012 година.

Постигнати спортски резултати

-Европско Првенство за Кадети-второ и трето место 2002 и 2003 година

-Европско Првенство за ЈУНИОРИ- 1-Второ и 2 трети места  2006 година

-Медитеранските игри –второ место во Мерсин во 2013 година.

-Европско Првенство за Сениори- 5то место-2006 и 2010  во Москва и Баку.

-Светското првенство  за Сениори -8мо место во Пекинг.

-,,Македонски Бисер”-победник 6 пати(2007,2008,2009,2010,2013,2015)

-Државен првак -7 пати(2005,2006,2007,2010,2011,2013,2014)

Во претходните 4 години ја вршеше функцијата заменик претседател на БФРСМ и е член на Управен Одбор.