7 C
Skopje
вторник, август 16, 2022

Егоров направи историја во Македонското борење-од Унгарија се враќа со златен медал

Владимир Егров-
Направи историја за македонското борење
Во категорија 57кг освои злато на ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО ЗА СЕНИОРИ во БУДИМПЕШТА,Унгарија

Голем успех за Македонија за прв пат по 23 години добиваме шампион во Сениорска Конкуренција на ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО .Ова е шести златен медал за Македонија на ЕП-а, по два освоија Шабан Трстена и Шабан Сеиди и еден Могамед Ибрагимов. 

Инаку, последниот златен медал на борач од Макеоднија е оној на Трстена.

Егоров во големото финале на Европското сениорско првенство во борење во Будимпешта-Унгарија, во финалето се бореше против Азарбејџанецот Алијабабас Рзазаде 8-6 (2-0 прва рунда, 6-6 втора, Егоров поведе со 8-0).

Егоров победи во финале против борачот од Азербеџан 8:6 и со тоа не направи горди сите:борачите,тренерите,боречката федерација и цела држава.

Неговите фанови заедно навиваа на плоштадот во Штип,каде што присуствуваа и претседателот на БФРСМ Дејан Богданов,градоначалникот на општина Штип Иван Јорданов,претседателот на БК Балканец 2008-Виктор Богданов ,техничкиот Секретар на БФРСМ Драгана Савева и претседателот на судии Даниел Илиев.
На плоштадот беа присутни членовите и тренерите на БК БАЛКАНЕЦ 2008 ,пријателите на Егоров и сите заедно се радуваа на победата.

Подршка на ЕГОРОВ ОД БУДИМПЕШТА му беа тренерите БОБАН ДАНОВ И СЕДАТ БАФТИУ, репрезентативците МИТРОВ,Нуров ,Вејсели ,Алили и тренерите Суфијан Исмаили ,Абаз Емини и тим лидерот Ахмед Адеми.

Ова е втор медал за Егоров на ЕП
ПРВИОT беше бронза во 2019.

Резултати – Европското првенство 2022:

57 кг
Владимир Егоров – Никлас Штехеле (Германија) 5-4 ¼ финале
Владимир Егоров – Манвел Хнџрстјан (Ерменија) 10-0
Финале
Владимир Егоров – Алијабабас Рзазаде (Азербејџан) 8-6

Радоста ќе биде уште поголема ако нашиот Репрезентативец Бесир Алили успее да земе бронза 🇲🇰🤞🥉.

Бесир Алили ќе се бори за бронзениот медал на Европското првенство во борење во Будимпешта, Унгарија, откако неговиот противник во четврфиналето Арсен Харутјунјан (Ерменија), од кого загуби со 0-5, обезбеди финале и борба за златниот медал.

Алили утре ќе се бори за бронзениот медал во категоријата до 61 кг против Едуард Григорев (Послка).

Резултати
61 кг
Бесир Алили – Адам Баибулатов (Франција) 11-5 квалификации
Бесир Алили – Арсен Харутјунјан (Ерменија) 0-5
За бронзен медал
Бесир Алили – Едуард Григорев (Полска)