7 C
Skopje
недела, септември 26, 2021

Три нови медали од ‘Петко Сираков’. Бесир Алили сребрен, Елмедин Сејфулаху и Увејс Фејзула бронзени

Репрезентацијата на Северна Македонија за сениори до 23 години, од еден од најсилните турнири во календарот на УВВ, ‘Петко Сираков’, се враќа со пет медали. Доколку до пред неколку години се радувавме евентуално на само еден медал во неколку години, сега веќе само на ова издание, освоивме вкупно пет.

Европскиот кадетски шампион Бесир Алили, не успеа во финалето во категоријата до 57 кг, видно оштетен и од страна на судиите, на крај освојувајќи го сребрениот медал, додека во малото финале во категоријата до 65 кг, Елмедин Сејфулаху издвои победа, со што се закити со бронзениот медал, втор за него на турнирот ‘Петко Сираков’. Исто така и Увејс Фејзула успеа да не израдува со медал, освојувајќи ја бронзата во категоријата до 125 кг.

Потсетуваме дека во текот на вчерашниот ден, нашата репрезентација успеа да освои еден златен медал, преку Реџеп Хајдари во категоријата до 92 кг и уште една бронза, преку Фати Вејсели во категоријата до 70 кг.

Со овие пет медали (еден златен, еден сребрен и три бронзени), уште еднаш се докажа дека големите вложувања во последниот период во нашата репрезентација од страна на Федерацијата вреднуваат со плод, а ова се надеваме дека ќе вреди со плод и на овогодинешните Европски и Светски првенства.