7 C
Skopje
сабота, февруари 27, 2021

Официјално: Одложени Олимписките Игри “Tокио 2020”

Заради зголeменото влијание на COVID-19 (вирусот Корона), во директен разговор помеѓу претседателот на ИОК, д-р Томас Бах и јапонскиот премиер Шинзо Абе e договорено Игрите на XXXII олимпијада во Токио да бидат одложени и истите да се одржат следната година, но не подоцна од летото 2021 (најверојатно на 23 Јуни 2021 година).
Овој заклучок е потврден од Извршниот одбор на ИОК.
Напоменуване дека борењето до сега е единствениот спорт во Република Северна Македонија, со обезбедена норма и тоа преку Магомедгаџи Нуров, во категоријата до 97 кг.
По официјалното одложување на Олимписките Игри, се предвидува дека двата квалификациони турнири во борење ќе се одржат во текот на следната година.