7 C
Skopje
недела, декември 5, 2021

Обука за родова еднаквост во Спортот

Обуката за “Родова еднаквост во спортот” се одржа во СЦ Јане Сандански при Олимписки Комитет на Република Северна Македонија.

Првиот ден( 11.11) таргет група се спортистки кои имаат активна спортска кариера ксде што присуствуваше нашата најуспешна спортистка во нејзината категорија Марија Неделковска.

Вториот ден(12.11)таргет група се спортски работнички како тренери, технички лица и сличнo.. каде што присуствуваа нашиот Технички Секретар Драгана Савева и Суфијан Исмаили.

Oбучувачката Бојана Јовановска не воведе во родова нееднаквост, препознавање на нееднаквоста, стратегии за намалување на нееднаквоста во спортот, дискусија и практична работа

Потоа зборувавме за Дискриминација на жени – (дефинирање, видови дискриминација, повеќекратна и интерсекциска дискриминација, препознавање на дискриминација, пријавување на дискриминација, дискусија и практична работа)
со Наташа Петковска.


И на крај за Родово базирано насилство (дефиниции, видови насилство, препознавање на насилство во спорт, работа со жртви, пријавување на насилство, дискусија и практична работа)
со Ина Џугуманова.