ИЗВЕШТАЈ БАЛКАНСКО ПРВЕНСТВО ЗА ПИОНЕРИ(У-15) и Кадети и Медитерански игри за кадети ,,КСАНТИ-ГРЦИЈА,,28-29.10.2021 ГОД

0
286

Од 28-29.10.2021 година во Ксанти Грција се одржа Балканското првенство за Пионери(У-15), во слободен и Грчко римски стил, како и во женско борење.

Во пионерска конкуренција настапија 19 натпреварувачи, 14 во слободен стил и 5 во женска конкуренција, нашите борачи ги водеа тренерите: Горан Атанасов, Игор Неделковски, Нехат Џаферовски и Горан Стојанов.

Во категорија 44 кг. настапи Стефан Стојков, кој имаше една победа и два порази, и заврши на 5-то место од 7 натпреварувачи.

Во категорија 48 кг. настапија двајца наши борачи и тоа : Хамит Салиовски со една победа и еден пораз заврши на 7-то место од 11 натпреварувачи и Јован Атанасов имаше една борба и пораз заврши на 9-то место од 11 натпреварувачи.

Во категорија 52 кг. настапија тројца наши натпреварувачи и беа освоени првите медали, настапија: Мемет Усеинов со три победи и еден пораз заврши на 3-то место од 10 натпреварувачи,  Стојанчо Стојков со две победи и еден пораз исто така беше 3-ти од 10 натпреварувачи, и Трим Исмаили со еден пораз беше 6-ти од 10 натпреварувачи.

Во категоријата 57 кг. настапија двајца наши борачи и тоа Марио Савевски со една борба и еден пораз заврши на 9-то место од 11 натпреварувачи и Хамза Рушити исто така со еден пораз заврши на 10-то место од 11 натпреварувачи.

Во категорија 62 кг. настапија три натпреварувачи и беше освоен медал и тоа Омер Мемеди со две победи и еден пораз го освои 3-то место од 13 натпреварувачи, Дамјан Смилков со една победа и еден пораз беше 7-мо место од 1 натпреварувачи и Јован Стефанов со еден пораз заврши 12-ти од 13 натпреварувачи.

Во категорија 68 кг. настапи Ердинч Зејнелов со еден пораз го заврши првенството на 8-то место од исто толку натпреварувачи.

Во категорија 75 кг. настапи Андреј Трајчов исто така со еден пораз заврши на 6-то место од 8 натпреварувачи.

Во категорија 85 кг. настапи Илија Атанасов и имаше една победа и три порази и се пласира на 4-то место од 6 натпреварувачи.

Во женска конкуренција во категоријата 36 кг. настапи Ангела Трајковска и во конкуренција од три натпреварувачки и два порази беше 3-та.

Во категорија 50 кг. настапи Тамара Цветковска и имаше два пораза и на крај беше 5-та од 8 натпреварувачи.

Во категорија 54 кг. настапи Марија Цветанова со три победи и два пораза на крајот беше втора и освои сребрен медал од 7 натпреварувачки.

Во категорија до 58 кг. настапи Анабела Данилова со една победа и два порази на крај беше 5-та од 7 натпреварувачки.

И во категоријата 66 кг. настапи Стефани Николова со две победи и еден пораз на крај беше втора и сребрен медал од 4 натпреварувачки.

Со завршувањерто на Првенството за пионери (У-15) нашата репрезентација освои 6 медали три во машка (три бронзени) и три во женска (две сребра и една бронза), се вкупно 6 медали. Екипен пласман во женска и машка конкуренција го освоивме 5-то место од 8 репрезентации.

Од 28-29.10.2021 година во Ксанти Грција се одржа Балканското првенство за кадети, во слободен и Грчко римски стил, како и во женско борење.

Во кадетска конкуренција настапија 14 натпреварувачи, 10 во слободен стил и 4 во женска конкуренција, нашите борачи ги водеа тренерите: Горан Атанасов, Игор Неделковски, Нехат Џаферовски и Горан Стојанов.

Во категоријата 55 кг. настапија тројца наши борачи и беше освоен првиот медал за кадетска конкуренција, Ѓорги Ѓоргиев со две победи и два пораза го освои третото место од 7 натпреварувачи, Михајло Илиев со два пораза беше 5-ти од 7 натпреварувачи, Рамадан Рамадани со две победи и еден пораз беше 6-ти од 7 натпреварувачи.

Во категорија 60 кг. беше освоен вториот медал Арбен Сејди со три победи и два пораза беше трети од 7 натпреварувачи, додека Арон Николов со два пораза беше 5-ти од 7 натпреварувачи.

Во категорија 65 кг. Харбин Амети со еден пораз заврши на 8-мо место од 9 натпреварувачи.

Во категоријата 71 кг. настапија Кристијан Славевски со еден пораз заврши на 8-мо место од 10 натпреварувачи и Никола Танев исто така со еден пораз заврши на 9-то место од 10 натпреварувачи.

Во категоријата до 92 кг. Меркан Бислими со два пораза беше последнопласиран 7-ми.

Во најтешката категорија 110 кг. Тодор Ѓоргиев со две победи стана Балкански Шампион од тројца натпреварувачи.

Во женска конкуренција во категоријата 43 кг. Марија Спирковска исто така со две издвојувани победи стана Балкански Шампион од тројца натпреварувачи.

Во категоријата 53 кг. Зорица Јованова со два пораза се пласира на 6-то место последно во оваа категорија.

Во категорија 57 кг. Марија Неделковска со една победа и два пораза се пласира на 5 –то место од 7 натпреварувачи.

Во категорија 61 кг. Барбара Стојковска со два пораза се пласира на 9-то место од 10 натпреварувачи.Со завршувањерто на Првенството за кадети) нашата репрезентација освои 3 медали три во машка (едно злато и две бронзени) и еден во женска (златен медал), се вкупно 4 медали. Екипен пласман во машка конкуренција го освоивме 4-то место од 8 репрезентации, додека во женска 5-то место од 6 репрезентации

Од 30-31.10.2021 година во Ксанти Грција се одржа МЕДИТЕРАНСКО првенство за кадети, во слободен и Грчко римски стил, како и во женско борење.

Во кадетска конкуренција настапија 17 натпреварувачи, 13 во слободен стил и 4 во женска конкуренција, нашите борачи ги водеа тренерите: Горан Атанасов, Игор Неделковски, Нехат Џаферовски и Горан Стојанов.

На наведеното првенство судеше и нашиот судија од меѓународна категорија:Даниел Илиев.

Тим лидер Ахмед Адеми.

Во категоријата 51 кг. Мемет Усеинов го освои првото место и златниот медал, без конкуренција.

Во категорија 55 кг. Ѓорги Ѓоргиев со две победи и два пораза, го освои третото место од 7 натпреварувачи, Михајло Илиев со две победи и три пораза го освои 4 место од 7 натпреварувачи и Рамадан Рамадани со два пораза се пласира на 6-то место од 7 натпреварувачи.

Во категоријата 60 кг. Арон Николов со две победи и два пораза се пласира на второ место и сребрен медал од 7 натпреварувачи, и Арбен Сејди со два пораза се пласира на 6-то место од 7 натпреварувачи.

Во категорија 65 кг. Харбин Амети со една победа и два пораза се пласира на 5-то место од 7 натпреварувачи.

Во категоријата 71 кг. Кристијан Славевски со една победа и три порази се пласира на 4-то место од 7  натпреварувачи , додека Никола Танев со два пораза се пласира на 6-то место од 7 натпреварувачи.

Во категорија до 80 кг. Андреј Трајчов со една победа и три пораза се пласира на 4-то место од 5 натпреварувачи.

категорија до 92 кг. Меркан Бислими стана Медитерански Првак освои златен медал со три победи од 4 натпреварувачи, додека Илија Атанасов со една победа и два порази беше 3-ти од 4 натпреварувачи.

И во категоријата 110 кг. Тодор Ѓоргиев со една победа и еден пораз го освои второто место од тројца натпреварувачи.

Во женска конкуренција во категоријата 43 кг. Марија Спирковска го освои Златниот медал од две натпреварувачки.

Во категоријата 53 кг. Зорица Јованова со една победа и два пораза се пласира на 3-место од 4 натпреварувачки.

Во категоријата 57 кг. Марија Неделковска со една победа и три порази се пласира на 4-то место од 6 натпреварувачки.

И во категоријата 61 кг. Барбара Стојковска со две победи и два пораза се пласира на 3 место од 5 натпреварувачки.

Со завршувањерто на Првенството за кадети) нашата репрезентација освои 5 медали  во машка (едно злато, две сребра и две бронзени) и 3 медали во женска (еден златен и два бронзени медали), се вкупно 8 медали(2 златни, 2 сребрени и 4 бронзени медали). Екипен пласман во машка конкуренција го освоивме 2-то место од 6 репрезентации, додека во женска 4-то место од 5 репрезентации

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here