7 C
Skopje
понеделник, март 8, 2021

Европското првенство за јуниори во Скопје, од 19. до 25.10.2020 година

Откако претходно беа одложени сите континентални и Светски првенства, по повод пандемијата Ковид-19, Светската Боречка Федерација (УВВ), по големи напори и многу контакти со сите земји организатори, донесе одлуки за продолжување на натпреварувањата од септември.

Нашата држава и главниот град, требаше да бидат домаќини на Европското првенство за јуниори, од 30.06 до 05.07.2020 година и по одложувањето, истото е решено да се организира повторно во Скопје, но во периодот од 19. до 25.10.2020 година. Со ова, УВВ и нејзиното раководство уште еднаш докажа дека има голема верба во нашата федерација, иако во последниот период, неколку лица кои не му го сакаат доброто на нашиот спорт, последователно се обидуваат да бидат пречка за развивање на истиот во Северна Македонија.

Во меѓувреме, УВВ реши Европското првенство за кадети да се одржи во Полска (градот домаќин сеуште не се знае), во периодот од 05. до 11.10.2020 година, додека Светското првенство за сениори до 23 години, како што и беше предвидено, ќе се одржи во Тампере, Финска, од 23. до 29.11.2020 година.

Исто така, од УВВ информираат дека е решено Светското првенство за јуниори и сениори да се одржи на едно место и Белград ќе биде домаќин на двете првенства. Јуниорското светско првенство ќе се одржи од 04. до 10.12.2020 година, додека сениорското светско првенство од 12. до 20.12.2020 година.