7 C
Skopje
понеделник, март 8, 2021

Борачите на базични подготовки во Маврово

По неколкумесечната пауза по повод пандемијата Ковид-19, од денес почнуваме со подготовки, со цел следни големи достигнувања.

18 репрезентативци на Северна Македонија во борење (кадети, јуниори и сениори), предводени од тренери и стручни лица, денеска почнаа со базични подготовки во Маврово, се со цел враќање на формата на ниво со кое ќе може да целиме големи меѓународни достигнувања до крајот на годината.

По планот направен од универзитетски професори, ќе се прават мерења и контроли на борачите. Истите се поделени на два дела и денес тие ги вршеа професор Метин Далип и професор Хаки Исмаили, додека утре ќе се врши вториот дел од протоколот за мерење и контрола, од професорите Жарко Костовскк и Блерим Саити.

Како федерација, изразуваме огромна благодарност до Агенција за млади и спорт на РСМ, Обединето Светско Борење (United World Wrestling), како и трите државни универзитети на РСМ, Универзитет Св. Кирил и Методиј, Универзитот во Тетово, како и Универзитет Мајка Тереза, за одличната соработка и големата помош која ја даваат на борењето во нашата држава.