7 C
Skopje
недела, септември 26, 2021

Бетим Вренези избран за член на извршниот одбор на Европската Боречка федерација (UWW Europe)

Претседателот на Боречката федерација на Република Северна Македонија, Бетим Вренези е избран за член на извршниот одбор на Европската боречка федерација (UWW Europe).

На конгресот кок се одржа денес во Дортмунд, Германија, Вренези ја доби довербата на 24 европски федерации и во следните четири години ќе биде член на седумчлениот одбор на највисоката институција на европското борење.

Веднаш по назначувањето, Бетим Вренези рече дека ова е историски ден за борење и воопшто за нашиот спорт, бидејќи Македонија во својата историја никогаш немала претставник во вака важна институција како што е Европската федерација за борење (UWW Europe). Тој исто така вети дека ќе продолжи да работи секогаш обидувајќи се да го унапреди најуспешниот спорт во нашата земја.