7 C
Skopje
недела, мај 29, 2022

Бесир Алили на само 19години се пласираше на 5место во сениорска конкуренција на ЕП во Унгарија

Бесир Алили го освои петтото место на Европското првенство во борење во Будимпешта, Унгарија, откако во борбата за бронзениот медал во категоријата до 61 кгзагуби 2-11 од Едуард Григорев (Полска).

За младиот Алили и петтото место е успех, покажувајќи дека има талент кој се уште треба да се бруси, а успесите ќе дојдат, бидејќи младоста е на негова страна.

Бесир се бореше храбро до крај и успеа да му се спротиставува на силниот противник од Полска кој по втор пат го освојува Бронзениот Медал на ЕП за Сениори.🥉
за Бесир,тој е најмладиот учесник од нашата репрезентација кој се натпреварува во сениорска конкуренција на ова ЕП за Сениори во Будимпешта,Унгарија.
Бесир има само 19 години и пред него стои многу светла иднина!
Браво за храбрите борби Бесир!🇲🇰❤️